За нас. Модна конфекција АМИКА

ДПТУ “АМИКА” ДОО Пробиштип е трговско друштво за производство и услуги наменети за странската побарувачка.
Неговата основна дејност е производство на горна женска облека наменета за странскиот пазар поточно Италија, Германија и Англија.

Модната конфекција “АМИКА” е основана во Јуни 2003 година од страна на основачот Валериј Илиевски како управител на истата.
Во почетокот имаше околу 40 вработени додека денес АМИКА брои 163 вработени лица.
Седиштето на фирмата се наоѓа во централното градско подрачје на град Пробиштип со адреса на Ул. Ленинова бр. 16 Пробиштип.

Модната конфекција е сместена на површина од 1000 м2 деловен простор на кој ги извршува секојдневните работни задачи, и главната дејност производството.
АМИКА располага со машински парк на машини од фирмите Jyki, Typical и Brother и компјутерски систем со кој е опфатено целокупното работење.

Брендови со кои соработуваме