Конфекција. АМИКА

Производството во МК АМИКА е организирано во неколку фази:

Кројница - овде во сопствена кројница се кројат и припремаат добиените материјали

Производство - главната фаза во која се произведува готов производ

Производството е поделено во пет групи ( бригади ) со поставено одговорно лице на секоја од групите.

Производството располага и со технички директор и раководител кој го контролира тековното производство на сите пет групи како и меѓуфазни пегларки кои исто така се вклучени во производниот процес.

Завршно пеглање – пеглање на готовите производи.

Контрола - во оваа фаза контролорките го контролираат готовиот производ пред да биде спакуван.

Пакување - готовиот производ кој поминал на контрола се пакува во ќесе или се дипли во зависност од барањата на купецот, и се означува со бренд етикета.

Испораката на готовите производи се врши на терминот кој предходно е договорен со купците.

Капацитетот на производство на МК “АМИКА” ДОО е околу 15 000 готови производи на месечно ниво.